Главное меню
Мы солидарны с Украиной. Узнайте здесь, как можно поддержать Украину.

Ответ

Обратите внимание: данное сообщение не будет отображаться, пока модератор не одобрит его.
Ограничения: максимум вложений в сообщении — 3 (3 осталось), максимальный размер всех файлов — 300 КБ, максимальный размер одного файла — 100 КБ
Снимите пометку с вложений, которые необходимо удалить
Перетащите файлы сюда или используйте кнопку для добавления файлов
Вложения и другие параметры
Проверка:
Оставьте это поле пустым:
Наберите символы, которые изображены на картинке
Прослушать / Запросить другое изображение

Наберите символы, которые изображены на картинке:

√36:
ALT+S — отправить
ALT+P — предварительный просмотр

Сообщения в этой теме

Автор Vertaler
 - мая 9, 2005, 12:19
<КОН ОВОЈ ИЗБОР ПОЕЗИЈА>

(поговор)

Разновидната и прилично богата актива на Блаже Конески, неговите филолошки научно-истражувачки прилози, неговата основоположувачка заложба при формирањето на современиот македонски литературен јазик, чие интензивно развивање е можеби една меѓу најзначајните придобивки на македонскиот народ по војната, неговите неусамени напори за адекватна примена и расцвет на тој изворен јазик на творечко-литературен и преведувачки план, неговите есеистички, прозни и поетски обиди, неговиот животен пат што се продолжува (секако) во нашата давлеку посреќна иднина, сето тоа, го овенчува неговиот досега најплодоносен резултат — неговата поезија поместена во второто дополнето издание на ВЕЗИЛКА. Резултат што, заопкружувајќи ја авторова личност, во сета своја полнота, зрелина, човечност и големина, во сета своја животност и животна поставеност, во еден свој екстракт, до една своја синтеза, стои мошне високо и означува (ќе бидам свободен да забележам) едно речиси монументално достигнување во и низ матичниот развоен тек на нашата литература во целост.

Поаѓајќи токму од ова уверување, токму тоа издање и се наоѓа во центарот на нашето внимание, следствено — и во центарот на нашиот избор. Додека, од друга страна, приведените песни во изборот од неговите претходни стихозбирки, т. е. од ЗЕМЈАТА И ЉУБОВТА — 1948 и ПЕСНИ — 1953, како и неговите најнови лирски записи, во оној ,,хронолошки" ред во кој се објавени, за нас имаат повеќе значење на извесно соодветно надополнување, упатувајќи или надоврзувајќи се на некој начин, укажувајќи на развојните нишки, на континуитетот и целисходноста, било на суштинско-содржинските или на идејно-уметничките и творечки карактеристики, на толку живата, полноживотна и интегрална даденост во и на неговата ВЕЗИЛКА — 1961. — Меѓутоа, тоа ни најмалку не значи дека тие, според нашето мислење, се лишени од какво и да било самосвојно достоинство и воздејство. И покрај тоа што, во доста случаи, го имаат платено својот данок на времето во коешто се настанати, на почетните и почетнички фази низ коишто доскоро минуваше нашата литература, на сопственото авторово недоволно стихотворно искуство, и воопшто на младоста, на целокупната младост во расцвет, повеќето од нив ги изделува (ќе потцртаме) несекојдневна уметничка стојност, па и трајност.

Да ја земеме за пример најуспешната стихотворба од ЗЕМЈАТА И ЉУБОВТА под наслов ,,Тешкото":

Создадена некаде ,,непосредно" по БЕЛИТЕ МУГРИ и во обзорјето на современиот книжевен подем кај нас, напишана во (за тоа време — ,,оригинален") недоусвоен до крај класичен метрички спрег (и затоа — би рекле — со извесно технификаторство), под пресија на едно (младешко, зар не?) романтично расположение (и предрасаположение) но во поли творечки занес, не само што го орепродуктува најсуштественото што го содржи чекорот на познатото народно оро, тој тежок (колку ропски толку и обнадежен и борбен) чекор на македонскиот народ во минатото, и не само што ја изразува сета авторова приврзаност за неговиот ход, порака и исклучително импозантна импресија, доловува типично своетатковинска атмосфера и колористичност, доловува типично свој и нашенароден звук. Па како таква и се вредува меѓу нанизот бисери од лириката на Блаже Конески, ќе се почувствува дури со и покрај појавата на второто дополнето издание на ВЕЗИЛКА.

Додека, значи, ,,Тешкото" ќе се вклопува и вклопувајќи се — ќе ја надополнува сликата на поетовите родинољубиви монолози, описи и пејсажи (плус: првата и втората одломка од поемата ,,Ракување", ,,Спомен за Славеј", ,,Јаготки"... — ,,Григор Прличев", ,,Стерна", ,,Девственици", ,,Беласица"...), откривајќи ја меѓусебната проникнатост и слеаност на поетот со родниот кат, со неговата природа, со неговите видици и судбина (плус: ,,Мостот"... — ,,Пролет", ,,Од возот", ,,Пепелашка", ,,Водно"...), во типична македонска постановка и опстановка (плус: ,,Скопје"... — ,,Старата", ,,Пчелар", ,,Дете заспано крај езеро" — ,,Марковиот манастир"...), во светот на своенародните легенди и преданија, на националното историско минато, на типично означени своенародни ликови и феномени (плус: ,,Везилка", ,,Одземање на силата", ,,Болен Дојчин", и повторно: освен ,,Тешкото" — ,,Григор Прличев", ,,Стернап", ,,Девственици", ,,Беласица"...), изразувајќи ја (уште еднаш ќе нагласиме) сета авторова приврзаност кон и врзаност за чекорот на својот народ, кон и за неговиот ход, порака и очекуван исход; — во не многу вешто стихуваниот ,,Мост", во пресрет на НОВИОТ ЖИВОТ по ослободувањето, поетот (преку исповедта на намачен родител чиј единец ќе загине во НОБ) ќе ја изрече клетвата и заветот до мајсторите-градители и до младите поколенија да соградат еден таков мост врз темелот залеан со крвта на паднатите, МОСТ помеѓу времињата и луѓето, таков мост, ,,што ни век (ќе) го не руши, ни бура (ќе) го ништи".

Меѓутоа, од вообичаените и на вообичаен начин вообликувани претежно социјални мотиви и од мотивите што едостојно и (помалу или повеќе —) парадно ќе ги демонстрираат патиштата на љубовта, од една страна и од друга — патиштата на револуционерното минато, Револуцијата и Изградбата, во служба на ДЕНОТ, Блаже Конески, во својата втора по ред стихозбирка, почнува да го свртува погледот кон себеси, кон својот интимитет, кон живиот живот во себе и надвор од себе, кон нашето секондневие.

Веќе ќе станува збор за тагата и осаменоста на човекот што се повратил во родниот град и не нашол таму ништо да мрази и сака; за осаменоста во која ќе се најде поетот и подоцна, во ВЕЗИЛКА, што толку сликовито и морничаво ќе ја претстави (,,Враќање"... — ,,Снег", ,,Кошмар", ,,Врв", ,,Даб". ,,Стебло", ,,Јаглен"... — ,,Марковиот манастир", ,,Портрет", ,,Пословица"...). Веќе ќе станува збор за ,,боледувањата" и страдањата човекови и негови, за неговите дилеми, во просторот и времето во коишто живеме, и подоцна — за неговото нагорно качување, општо и посебно, барајќи и наоѓајќи ,,спокојство" и ,,утеха" во полите и споменот на мајка си, земјата и природада (,,Успивање на болното дете", ,,Молитва", ,,Јаготки"... — ,,Тишина", ,,Пролет", ,,Старата", ,,Починка", ,,Утро", ,,Пчелар", ,,Пепелашка", ,,Водно"...), во поезијата и својата сопствена човечност, и подоцна — и во возобновата на самиот живот (,,Ружа"...), и во напорот да ја поврати довербата и љубовта во и кон луѓето (,,Здравица", ,,Волк"...), во борбата во себе и надвор од себе, до последниот здив — со омразата и Црната Арапина, со црните сили во животот (,,Тореадор", ,,Болен Дојчин"...), во надежта даке неговиот подвиг сепак ќе биде признат и ценет (,,Григор Прличев"), зашто секој подвиг на браникот на својата земја, макар колку да е фатален и попуст, не останува без одглас, и вреди (,,Беласица").

Во своите неколку монолози од тоа време, односно — во приведените одломки од поемата ,,Ракување", Блаже Конески, имајќи ја предвид Родината, првпат и најконкретно ќе се судри со прашањата:

Како во животот?
Како со луѓето?
Со љубовта и омразата?
Со себе како?
Лесен одговорот во збор красно срочен,
Со важност за сите, со важност за сегде.
Тежок кога безброј пати
Човек треба да го дава.

И понатаму:

Родината:
Не спокој е таа,
Ниту езеро мирно,
Судбата на животот наш е тврда:
Верност бара
Напред кога не праќа,
На паднатите по нашите распаќа,
На самите нас,
Да најде веќе смисла — жртвата.
Како ќе постапам?

И понатаму, истакнувајќи го местото и улогата на виститските творци на нашата поезија, што први смисла, први слободен облик ѝ даваат на татковината, што први од срцата ја извираат, напоменувајќи дека тие ,,деца на мало потиснато племе во бурава на светот, треба да се триж силни по дух", ќе се прашува:

А кај е во нас, дали ја има
На оној древен јунак силата?
Долгот го знаеш,
Но ситен да се сетиш — страшно!
Дали се чудни тие сомневања?
Кој ќе ни прости?
Кој ќе заживее со нашава душа
И тогаш кога веќе ќе нѐ нема?

Па, додека во неговите ПЕСНИ — 1953 тој сѐ уште, воглавно, ќе набљудува и размислува, прашувајќи се и сочувствувајќи, како човек кој тукушто се повратил од светот на ,,соништата" и ги трие очите пред новооткриената стварност, се рабира, овојпат — со една значително повнушителна пластика, во дополнета ВЕЗИЛКА со циклусот СТЕРНА, идентификувајќи се, запрепастувачки сообразно и природно, со предметот на воспевањето (првпат поопипливо во поемата ,,Ракување" и во ,,Песни за Фауста" а потоа во — ,,Везилка", ,,Григор Прличев", ,,Виј", ,,Даб", ,,Стебло", ,,Одземање на силата", ,,Болен Дојчин", ,,Тореадор", ,,Колумбо"... — ,,Марковиот манастир"...), воздигнувајќи го конкретниот ,,предмет" од природата, легендата, историското минато, од посредното и непосредното негово постоење — до високостојносен и многузначен поетски образ, до блискотна алегорично-симболична персонификација и метафора (плус: ,,Ружа", ,,Пролет", ,,Ластовици", ,,Јаглен", ,,Стерна", ,,Пепелашка", ,,Волк", ,,Беласица"... — ,,Песна на лозите во лозјата на Водно"...); вдлабувајќи се во себеси, во живиот живот во себе и надвор од себе, до дното; неверојатно исцрпно, изворно и многустранно конечно ќе го заопкружи својот, целиот на показ, жив поетски и човечки профил.

Најпосле (во полната смисла на зборот) ќе ја оствари онаа жедувана жива струја во човечки гради — ,,утока што нема, што нема крај", што ќе потече ,,од срце до срце, колку што срца народот го чинат" ,,од срцата на старите — во срцата на децата, во обновата на колената", таа струја

...сладок шепот, сладок плискот,
Преливи на сонцето и месечината,
Ноќни приказни,
И бучење, што страши, во далечината,
И пијанство од виножито
Во вриеж на пени...

поетот — чиј творечки идеал е, по примерот на простонародна везилка, создавањето на проста и строга македонска песна.

Но во што се доминантните специфики на таа жива струја, на неговата дополнета ВЕЗИЛКА? Во што е нејзината естетска супериорност, нејзиниот монументален раст?

Во што ако не пред сѐ во многустраното и тотално себедоживување на авторот (човекот) во секој стихуван детаљ, во секој одделен запис, во односната стихозбирка, така збиено, така концизно, така конкретно, така фигуративно, така впечатливо, ,,тродимензионално", длабокочовечки, во еден толку мал формат, така богато, така потполно, целовидно, заопкружено, така испреплеткано живо и усогласено, уметнички дрочно, достоинствено, како ретко која истородна појава не само во југословенската и не само во литературата на соседните народи! Во што ако не, меѓудругото, во оној неизнасилен и исконски, духовен и душевен натиск емоцијата и мислата, забележувањето или откровението да станат мелодија и ритам, матафора и боја, песна; во ширината и длабочината на зафатот во човечката сушност; во, со други зборови, творечкиот чин што се проникнвва врз битот, во самата творечка постапка на која може да ѝ позавиди понекој и од најпознатите стихотворни великани, чија природна единственост и интегрална изобразеност во ВЕЗИЛКА — запрепастува!, чиј финален продукт е проекцијата на човекот, денешен и наш; човекот каков што е и каков што може да биде во нашиов простор и време; по суштина; со своја сопствена судбина; под товарот на неговите горки испити и тешки сознанија во и за животот што го живееме; на стопостотно доживеаниот човеков чевек; во една дадена духовна и душевна состојба; во еден даден миг; во развој ли во движење или само како момент; на човекот што ќе се гледа и доживува (што ќе го гледа и доживува и читателот) во што поцелосен опфат; чија релативна и своевидна комплетност, чие релативно и своевидно совршенство (по зло или добро) е врховна смисла или врховно достигнување на секоја вистинска и вистински голема уметност! Тоа, според нашето уверување, се разбира.

Поезијата на Блаже Конески (мислам пред сѐ на поезијата поместена во ВЕЗИЛКА, 1961), иако не во сѐ беспрекорна (но што значат нашите замерки, нашите евентуални замерки по однос на формата и структурата, по однос најцелисходноста и изразната моќ на мал број подделни песни и стихови, пред нејзината целокупна носивост, пред, во претежниот дел, нејзината фрапантна креативно-уметничка возникнатост и понесеност!), иако сѐ уште недоразгранета, некдоотворена до крај (од поетот очекуваме, се разбира, уштк многу, многу), инаку ја одликува (како и човекот) една привидно стаена прибраност и воздржаност, еден привиден класичен мир, додека внатре, во длабочините на нејзината душа (како и во душата на човекот) ќе клокоти нездржано бура. По својот, пак, жанров вид, таа е, во вистинската смисла на зборот, лирско-исповедна, асоцијативно-медитативна, ,,филозофска" при коренот.

Поезијата на Блаже Конески ја има и таа предност, при својата едноставност и возвишеност, да биде (како што можеше донекаде да се дознае и од нашето претходно излагање) активна, функционална, ударна (необично животно ангажирана!) не само по чисто емотивна линија, не само во себе и за себе, во конкретното дејство, во конкретната слика, во конкретниот стих, таа, истовремено, е и директен или индиректен повик за акција, нездржан двигател и надвор од себеси, во живиот живот, во самите нас, што е (за жал) сосема несекојдневен случај — денеска.

На крајот, нема да погрешиме ако оваа поезија ја наречеме знамение и дострел на нашата современа литература а нејзиниот автор — прв (наполно зрелосен, потполн, потполно изјаснет) македонски, колку изразито индивидуален, толку и израито народен и национален, и притоа (редок) југословенски и (исклучиво себесвојствен) општочовечки поет.

Глигор КРСТЕСКИ

<БЛАЖЕ КОНЕСКИ>

(био-библиографски летопис)

1921 — 19 декември родем во с. Небрегово кај Прилеп.

1927—28 — прво одделение основно училиште завршува во Небрегово а

1928—34 — преостанатите одделенија на основното училиште и нижа гимназија во Прилеп.

1934—39 — гимназија завршува во Крагуевац каде што учествува во уредувањето на гимназисчките списанија ,,Млади Шумадинац" и (потоа) ,,Подмладак" во кои ги објавува своите први песни.

1939—40 — се запишува и студира на Медицинскиот факултет во Белград.

1940—41 — се префрла на Филозофскиот факултет и студира југословенска книжевност, исто во Белград.

1941—44 — следи и завршува словенска филологија во Софија.

1944 — заработува како лектор на Македонскиот народен театар.

1945 — станува уредник (член на редакцијата) на ,,Остен" каде што објавува хумористични стихови и раскази, што се и први негови печатени творби по Ослободувањето;

станува член на Комисијата за македонски јазик и правопис;

еден од основачите на литературно списание ,,Нов ден" и еден од првите членови на неговата редакција;

од печат излегува неговото предавање за ,,Македонската литература и македонскиот литературен јазик" (Издавач: Книжарница ,,Култура" во Скопје), во негова редакција и со негов предговор ,,Збирка на македонски народни песни" (Изд. Државно книгоиздателство на Македонија) и поемата ,,Мостот" (Изд. ,,Култура" — Скопје).

1945—46 — станува началник на Одделението за култура при министерството за просвета на НРМ.

1946—49 — тој е предавач на филозофскиот факултет во Скопје.

1946—65 — (до денес) шеф на катедрата за јужнословенските јазици.

1947—48 — избран е за претседател на Друшвото на писателите на НРМ.

1947 — во негов избор и редакција излегува збирка народни песни ,,Од борбата" (Изд. Државно книгоиздателство на Македонија).

1948 — од печат излегува неговата книга ,,По повод најновиот напад на нашиот јазик", стихозбирката ,,Земјата и љубовта" (Изд. Државно книгоиздателство на Македонија) и неговиот препев на ,,Горски венец" (Изд. ,,Култура" — Скопје) за кого добива права награда на Сојузот на писателите на Југославија.

1949 — излегува книгата ,,Македонските учебници од ⅪⅩ век" (еден прилог кон историјата на македонската преродба) за која, во истата година, ја добива републичката награда ,,Гоце Делчев".

1949—57 — станува вонреден професор на Филозофскиот факултет во Скопје.

1950—65 — (до денес) главен уредник на научното списание ,,Македонски јазик".

1952—53 — станува декан на Филозофскиот факултет во Скопје.

1952 — од печат излегува првата книга на неговота ,,Граматика не македонскиот литературен јазик" (Изд. ,,Просветно дело"), книгата ,,За македонскиот литературен јазик" и неговиот препев на Хајнеовиот ,,Лирски интермецо" (Изд. ,,Кочо Рацин").

1953 — излегува неговата стихозбирка ,,Песни" и препевот на Шекспировиот ,,Отело" (Изд. ,,Кочо Рацин").

1954 — излегува втората книга на неговата ,,Граматика на македонскиот литературен јазик" (Изд. ,,Просветно дело"), во неговата редакција и со негов предговор и книгата на Марко Цепенков ,,Сторенија и сказни" (Изд. ,,Кочо Рацин").

1955 — од печат излегува првото издание на стихозбирката ,,Везилка" (Изд. ,,Култура" — Скопје) и неговата збирка раскази ,,Лозје" (Изд. ,,Кочо Рацин") за која, истата година, добива награда на Градскиот одбор во Скопје.

1956 — во негова редакција и со негов предговор излегува ,,Слово за празниците" од Кирил Пејчиновиќ (Изд. ,,Култура" — Скопје) и книгата ,,Вранешнички апостол" (Изд. Институтот за македонски јазик); ја добива наградата на Сојузот на писателите на Југославија за поезија за првото издание на ,,Везилка".

1957—65 — (до денес) е редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје.

1958—60 — станува ректор на Универзитетот во Скопје.

1959 — на словенечки излегува ,,Vezilja" во препев на Иван Мината (Изд. Založba ,,Lipa" — Kopar).

1960 — на Ⅲ конгрес на СКМ е избран за член на ЦК на СКМ.

1961—64 — станува претседател на Сојузот на писателите на Југославија.

1961 — од печат излегува второто дополнето издание на ,,Везилка" (Изд. ,,Култура" — Скопје) и во негова редакција ,,Македонска књижевност" (Изд. Српска књижевна задруга).

1962 — во негова редакција излегува ,,Речникот на македонски јазик" подготвен од Институтот за македонски јазик во Скопје (Изд. ,,Просветно дело");
избран е за дописен член на Југословенската академија на науките и уметностите во Загреб.

1963 — избран е за народен пратеник на Просветно-културниот собор на собранието на СРМ;
избран е за дописен член на Српската академија на науките и уметностите во Белград.

1964 — добива награда на Општинското собрание на град Прилеп за поемата ,,Сончева колона".

1965 — на Ⅳ конгрес на СКМ е преизбран за член на ЦК на СКМ;
од печат излегува неговата ,,Историја на македонски јазик" (Изд. ,,Кочо Рацин" и ,,Просвета" — Белград).
























На этом всё. Спасибо всем, кто помогал мне и кто мысленно был со мной.
Автор Vertaler
 - апреля 26, 2005, 06:13
<НАЈНОВИ ПЕСНИ>

МАРКОВИОТ МАНАСТИР

>За гревот, за седумдесетте деца што умреа кога го ѕидаше калето, Марко направи седумдесет цркви.

Народна легенда<

Направив манастир на скришно место,
Да стои долго самотен,
Да кажува некогаш за мене.
Рушители, нема да најдете во него злато и сребро,
А само студена полутемнина
Како во таговна душа.

Кога го престапив првпат прагот од папертата,
Плочите болно екнаа под моите нозе
Што дури запрев —
И темна тишина потоа до последна жилка ме полази
Како морници што лазат.
Двајца светци, од двете страни на црковната врата,
Со исплашени погледи,
Со дланки испружени пред себе,
Ме предваруваа возбудено да не одам понатаму.

Но јас жедно стапив под сводовите на кубето
Како да се запознавам веднаш самиот себе.
Погледав наоколу
И ѕидовите се раздвижија —
Нејасни прилики, притаени во полумракот,
Како што одам ме пречекуваат,
Ми пристапуваат молчаливо и грозно:
Лица со израз на безумно страдање,
Мрачни воини со испрекрстени копја и мечови,
Тажачки крај мртовечки одар,
Тела прободени со стрели на издишување,
Згрчени во најврховната мака,
Деца загубени во врволицата
Со врбови гранчиња во раката.

Одам, несвесно, наоколу
А целото тоа мноштво ме обиколува,
Ме испреплетува во кошмарен јазол,
Молчаливо ме следи и чека нешто од мене.

Зборнете! — реков, —
Но мојот глас ја урна тишината меѓу сводовите
И ме остави сам пред привидот на мојата свест,
Зашто тие бешумно се повлекоа
И пак се притаија по ѕидовите.

Запрев пред олтарот како да ќе се помолам Богу,
Уште несмирен.
И тогаш дочув јасно женско липање од сводот:
Тоа Рахила ги кренала очајно рацете,
Крши прсти
И плаче над мртвите младенци,
Тажи во вселената.

Јас излегов избезумен од црквата
И зачекорив надолу.
И ми се причини како моите удови да стануваат столбови во одот,
Како сум да засводен со кубе,
Како да ја носам во себе студената празнина на манастирот,
Но за сето време знам —
Темните прилики молчат во мојот мрак,
Нема бегство, нема прошка и нема оставање спомен.

Јас викам — запалете кандило! —
Но моето срце е изгаснато огниште, пепел по тланикот,
Одам и чувствувам:
Го носам манастирот в гроб.

ПОРТРЕТ

Под тие веѓи
Под стреа —
Потслон
Мрак
Сон
На сон смеа.

Тие веѓи
Меѓи
На падот во понор
Пат во подземни места
———
Темно вретено на торнадо
Од кое заоѓа свеста.

ПОСЛОВИЦА

Кога човек ќе загуби право на смеа
И право да биде умен
Да дели правда
Да се прави важен
И право дете и жена да сака,
Тогаш —
Му останува правото
Да биде тажен
Да умира од мака
Да чемрее довек —
Тој човек.

ПЕСНА НА ЛОЗИТЕ ВО ЛОЗЈАТА НА ВОДНО

Ако молчиме немо во сончево пладне
Кога е времето тихо и тревките траат,
Тоа не е зашто жаламе секоја сама,
Тоа е за да биде убаво.

Ако се нишаме од половина кога ветрот ќе задува
И се наведуваме возбудени една кон друга,
Тоа не е зашто ужас од корен нè полазува,
Тоа е за да биде убаво.

Ако постиламе сенки на месечина
Кога никого нема на нè изненади,
Тоа не е за свитците посилно да светкаат,
Тоа е за да биде убаво.

Ако сме покорни под рацете на лозјарите,
Што ги кастрат нашите гранчиња и ги галат ластарите,
Тоа не е за да родиме грозје и вино,
Тоа е за да биде убаво.

Чудни сме ние . . .
Кој почнал да нè разбира —
Земјата му станува сè поблиска,
Луѓето сè подалечни.
Автор Vertaler
 - апреля 4, 2005, 01:25
<СТЕРНА — 1961>

СТЕРНА

>Ами моите стари зер не се плашат од Стерна што ја правел Марко Крале под Маркови кули, и што ја затнал водата со не знам колку арари со бубаќ и ковани со бруќе колку еден аршин големи, та ја затнал водата и го куртулисал Прилепското поле да не стане како Охридското Езеро.

М. Цепенков<

Ја затнав Стерната со бубаќ,
Со партали,
Со песочиште, со чакалиште,
Со камења, со карпи
Што ги натрупав на дувлото —
Да крепат.

Беше заден час!

Сонот ми скипна.
Во ниедна доба
Сум одел да наслушнам како приидува водата,
Како гргори, грчи и зајачува под земи,
Се лути некому
— А не го разбираш зборот —
Се токми да излезе
Како сура мечка од пештера,
Да потера лов.
Ноќе.

Знаев: трпелива
Таа го чека својот час.
Таа ќе почека да го успие мајка детето,
И лелејката да запре во лулањето,
Елемијата во вртењето,
Таа ќе почека да вечераат орачите,
Да ги сопашат објалата,
Да ги потурат опинците со плева,
Таа ќе почека да згасне последното жарче
Под пепелот,
Последното ѕвонче во трлата да молкне,
И пците да се притајат,
И старците што ги мачи бесоница и кашлица —
Да тивнат.
Да биде глуво и спокојно и темно кога ќе рикне.
Стерната.
Таа го чека само својот час.

Сите спијат,
А само јас буден во трудната ноќ,
Како ајдут на пусија,
Чекам —
Полн од нејзиното подземно бучење,
Сиот намовнат кога за малку ќе молкне —
Зашто тогаш крои најлошо и се присекава.
Ми иде да викам, да мавтам со раце, да будам!
И тогаш решив:

Ја затнав Стерната со бубаќ,
Со партали,
Со песочиште, со чакалиште,
Со камења, со карпи
Што ги натрупав на дувлото —
Да крепат.

Колку ликував
Дека ја задавувам до мртовечко отпуштање,
Дека сè послаб иде нејзиниот глас
Од подземјето,
Како да липа и да моли милост.
Сè повеќе се силев, раскинат од бес,
Со нокти корнев — и мавав и шибав
И толчев, и трупав грамада,
Брзав — да не ѝ се загревам.
А кога запрев, задишен и потен,
И минав со кална рака по челото,
Кога се исправив совсем простум
И вдишив со сета душа воздух и тишина,
Чув —
Некој под земи, далеку, се кикоти,
Како да ја прекрил устата со дланка.

И еве пак е ноќ и пак е ниедна доба.
Сите спијат, а јас го загубив сонот.
Ми бучи стерната в уши како никогаш,
Како да претекла сета во мене,
Овде, в гради,
И по дамарите
Ми приидуваат темните подземни водје
Без починка,
Како јас да ја создавам Стерната
И треба да го изречам нејзиниот збор.
Наслушувам:
Таа расте.
Таа го чека само својот час —
Да биде глуво и спокојно и темно кога ќе рикне,
Ќе се оттиши,
Ќе гргне, да поклопи, да подави, да повлече,
Да се успокои во ширината.

ОДЗЕМАЊЕ НА СИЛАТА

>Преправен на питач, Господ го пречека Марка Кралета крај патот. Во една торба беше ја збрал тежината на сета земја. ,,Синко, стар сум, поткрени ми ја торбава на рамо". Марко ја подзеде со врвот на копјето и земјата се затресе. ,,Што сум сторил јас?" си рече Господ во себе. И му ја остави само третината од силата.

Народна легенда<

Ти што му даде неимоверна сила,
Да растам мускулесто како даб, на глуждови,
Да се израдувам, млад, од своето чаталење и листење,
Да шалавам наивен,
Ти што ми даде да сетам дека и земјата можам да ја поместам
Како орач што истава камен пред лемешот,
Мој Боже,
Зошто се уплаши од мене,
Зошто во непромислен страв ја измени својата првобитна намера,
Зошто ми ја одзеде силата?
Јас ти приоѓав во мислите како на родител што му се приоѓа,
Идев вол твојата дома со проста верба на дете
Што затрчано се враќа од играње да земе краешник од ноќвите,
Јас те знаев свој закрепник, усмевнат на мене,
Задоволен од бистриот вир на мојата душа,
Добродушно грижен,
И не можев да теэ замислам инаков —
А ти семоќен,
Ти се престори на — питач,
Ти се облече во партали брашносани од просјачка торба,
Ти си испиша на лицето мака на постанат старец,
Слеп се направи
Да не ја забележам лукавоста скриена во твоите очи, —
Само подобро да ме подбидеш,
Да ме купиш, да ме премериш на кантар,
И после да ја покажеш сурово својата власт над мене.

Мој Боже,
Зошто до толку се понижи
За да ме поништиш мене?
Не мислеше ли дека еден човек
Ќе сведочи за миг на твоја подла слабост,
Ќе го гледа со горка потсмешливост дури и величието на небото
Во пролетна полноќ кога се ѕвездите јадри
И обнадежени во тиха молитва.

Безмилосен
Ти немаше мерка за моето унижување.
Ти ме преполови
А ми го остави чувството за мојата сила,
Да бидам како пресушена подземна река
Во која темницата уште не е успокоена од татнежот на брановите.
Потсмешлив
Ти ме направи прв во царштина што пропаѓа,
На лаѓа што тоне со товар на маки и гревови,
Да крепам, да спасувам,
А матната вода поелопува.
О сити се ти горе,
Ти што ме роди бележан меѓу сите
И што ме дари после ваков дар.

Мој Боже,
Чади во твоите раце гламната со која ми ги подгоре крилата,
Целата моја сушност се накрева против тебе,
Моето срце те проколнува,
Не чекам одговор од тебе,
Унижен
Сеќавам сепак во мене нешто што те надминува,
Што си го имал, можеби, но си го отуѓил
Кога нè создаде да откинеш од маката,
Сам
Низ думани треба да го барам патот на мојот живот.

БОЛЕН ДОЈЧИН

Кога бев преполн сила
Што придојдува како матна речна глава,
Кога се сетив вреден за мојот подвиг,
Достоен за слава,
Кога ми закрепна гласот за најдлабок збор,
Раката за најтежок меч,
Ногата за најверен од —
Тогаш се сломив.
Паднав како црешово дрво од премногу род.

Една потсмешлива сенка ми ја издемна трагата,
Како змија во гробно камарче се вовлече во свеста,
Смеата ми ја урочи, ми ја зацрни тагата —
Да се обѕирам подозриво, да думам да шестам.
тогаш се сетив ситен и смешен и долен, —
Се стопи снагата,
Капнаа раце,
Падна мечот,
Паднав болен.
Болен лежам до девет години,
Што искинав до девет постели.

Не ги чувствувам веќе своите зглобови,
Јас сум расфрлан на тврда ледина
На пеколен пладневен присој,
Јас сум раскостен коска от коска,
Низ моите коски трева поникнало,
Низ таа трева змии се ведат.

Јас копнеам гроб темен и студен —
Нема крај без мојот подвиг суден.

Непозната жено, единствена на светот,
Сестро и мајко моја, ти што си страдала многу,
Ти што си сетила мака до вбигорување,
Дојди, сестро златно,
Збери ги моите мувлосани коски, не грози се,
Состави ме,
Повиј ме со триста лакти платно,
Речи ми тех реч,
Исправи ме,
Научи ме пак да одам, мајко,
Дај ми в рака меч —
Да убијам Црна Арапина.

Да умрам.

ПЕПЕЛАШКА

Јас бев замислен прво во мечтите на едно селско сираче
Гонето од маштеа. Потурната Пепелашка.
Мајко моја, колку сме далеку, колку сме блиску!

Јас бев доен уште во рулче на нива под сенка на брест,
На жетва под сенка на сноп.
Мајко моја, колку сме далеку, колку сме блиску!

Те носам како ти што си ме носела, тешка,
И уште една ронка од нашиот селски воздух в гради држам
— Да ме боли.
Мајко моја, колку сме далеку, колку сме блиску!

ВОЛК

Пците неспокојно застригоа со ушите
И заквичеа.
'Ртките задраскаа со нокти
По мразот осветлен од месечината.
Негде наблизу подмолно гази
Сенката на волкот на љубовта.
Некој свика:
Ујда-да-да, по него, дрште го бре!
Зазбиван од гонењето, тој запре,
Да земе здив.
Оддалеку се слуша неговото завивање:
Ау, ауу, аууу!
Тоа значи: пак ќе наминам.

Тоа е еден опис на обична ноќ
Во смрзнатата шума на моето срце.

ВЉУБЕНИ ДЕВОЈКИ

Тие имаат лице нежно осенчено,
Како да паѓа на него сенка од проѕирни лисје,
И лицето неусетно се издолжува.
Тие имаат очи зголемени, замислени и влажни,
Како да се плашат од секоја странична изненада.
Тие го наклонуваат така лего челото
Да го допрат до усните на саканиот
Што им се чинат тогаш како крилца од пеперуга
Застаната на тревка — за миг пред да одлета —
А тревката се наклонува.
Тие ги стрелкаат тогаш в преграб рацете
Очајнички смело, слепо и неминовно
Како весла во разнишано море
Пред кое неволно замижуваме.

Боже, дали вистина некогаш сум го доживеал тоа?

ТОРЕАДОР

Јас долго чекав еден добар збор,
Да дојде некој што сиот ме сака.
Омразо, бику, доста твојот рог
Со годиње го извивам со рака.
Сум морен веќе од тој натиск див,
И в жили тапа рамнодушност лази.
Омразо, бику, ако потклекнам —
Сеедно, гази со копита, гази!

ДЕВСТВЕНИЦИ

Ни збор за глуждот што подмолно боли.
Сте минале, од љубов гладни, саме.
И една смртта ве запозна голи,
Аскети преки — Гоце, Пере, Даме.

Ни еднаш рака на вашето раме
Не се допре, што сакала да гушка,
А само сенка бесплотна од знаме
И само колан од студена пушка.

И само на сон сте земале прочка —
Забрзани — до оној заден екот,
До оној куршум, в срце, како точка.

Не истина на сонот жедост врена,
Не сетивте да стане дребен векот —
Ни колку може да навреди жена.

КОЛУМБО

Ја видов првпат таа земја в зори,
Мечтаната — та очиве да пазат
Прв одблесок на сини дални гори,
Морничавост на бранови што лазат.

За ваму, ребрест, на веслата фатот
Ме водеше, без бури да го сразат.
О убав беше в неизвестност патот,
А тажно беше враќењето назад.

И крајот уште потажен ќе бидел —
Да мреам, земјо моја, робјаш гонет,
Јас, што за простор жеден сум ти идел.

Во темнило и споменот ми тоне —
Да не знам веќе дали сум те видел
Или пак само сум те сонил в соне.

ВОДНО

На една предесенска падинка, на Водно,
Со благо сонце и со мирисна скритост,
тројца лежевме на грб, загледани во небото,
Три одамнешни тела
Што ја загубиле својата витост.

Топлината на земјата беше милосрдна
И не беа против нас багремите што венат, —
И она благо синило, сè поспокојно кон висината
И сè подалечно натаму,
Го води погледот, и модри дамки го сенат.

И бевме веќе сосем во него, откинати
Од тежеста што по земи нè влечка, —
Следејќи в бескрај една виолетова нијанса
Што ветува сè да распреде
За усмевнатата, предоживеана, мудрост дечка.

Но нишката стануваше сè потенка и безболно се скина,
И ние бевме благо потурнати пред тајните двери,
Оставени на милозливоста на сонцето предесенско
Што разбира секого
И што со утеха цери.

Тогаш разменивме два-три обични збора
Што враќаат кон земјата и звучат без мака.
И бевме задоволни што можеме да го потупаме
Грбот на зрелата падинка
Со рака.

А кога заслеговме, сонцето беше на заод,
И сите прозорци на градот под нас имаа пројаснети зеници,
И, обнадежени, нашите чекори газеа леко по патчето,
И бевме сигурни дека носиме добрина долу —
Како некогаш кога бевме млади занесеници.

БЕЛАСИЦА

Во најголемата вжештеност на битката, кога се чини дека таа трае отсекогаш и дека ќе трае довека, него го обиколија во железно клопче и го отфрлија од седлото. Ѕвекна оклоп од оклоп и тој ја сети болно сета своја тежина, бувната во земјата, и сета своја избезумена сила од која прскаа немошни алките на панцирот. Приповдигнат на едното колено тој виде десетина копја замавнати неповратно да се забодат во неговото месо веќе намовнато за крик. Во мигот што преостануваше, недоволен ни за едно вдишување, тој замавна со мечот со една неподозирана сила, иако на тоа движење му беше судено да остане недовршено, при сиот остар блесок на челиеот. Но тоа движење извре неминовно од нешто во него што го усети сето ова испреплеткано потискање и суривање во неговата сурова и целосна поврзаност и што знаеше дека овој очајнички замав нема да се загуби, а ќе влијае на исходот на оваа битка и на сите битки што идат. Крикот што се чу беше крич на грчовито ликување.
Автор Vertaler
 - марта 28, 2005, 15:43
<ВЕЗИЛКА — 1955>

ГРИГОР ПРЛИЧЕВ

>1. НОЖ<

За ова срце сегде острат нож
А ножот веќе забоден е внатре —
И стига само да се засмеам,
Ќе сетам веднаш колку длабоко
Ме пронижал, со колку танки жилки
На остра болка в гради 'ртил тој.
И тогаш реско усетувам дека
Сум избран — сета невола и тага
И сета ропска потиштеност грда
На еден народ да ја истрадам,
Молчаливо и тврдо да ја носам.
И бележен со некој пален знак
Јас треба да ја сетам цената
На секој подвиг што напред нè води,
Дволичноста на сека победа.
О браќа, знајте — не само од подлост
Жабурлива јас страдам, што ја газам, —
А тајна чува мојот мрачен молк.

>2. ПАТНИК<

Јас, суров нервчик, еве гаснам веќе
И божем газам на мраморна плоча.
Црнице сбогум, подгрбена мајко,
Го надживе ти својот скрбен син,
И вие збогум, о петрински лозја,
Со претчувство на ново трпко вино!
Но вие, штири, со кибарни куќи
Во кои млачно мусандрите дишат,
Баздриѓани, туѓ меѓу вас сум бил,
Сум живеел во хмурна меланхолија.
Ве тревожев ко патник што на полноќ
Застанува пред портите да клука.
Ме гоневте — рамнодушни и злобни —
А сега дури и гробјето ваши
Пак ќе го гонат мојот суров гроб,
И вземи туѓ и притеснет ќе бидам
Сè дур не дојде едно ново племе
Што ќе ме сака и прославува.

СНЕГ

Завева белиот снег
Неколку привични пата.
Долу пред мојата врата
Гинат белокрили јата
Тихо во спокој мек.

Белиот небесен снег
Реди еднолична сказна,
Дека е душава празна,
Сама пред осуда мразна —
Кажува белиот снег.

Шепоти: сам си, сам.
А јас се спремам назад,
Нозеве пак да газат
Патишта што се мразат —
До денот, што го знам.

РУЖА

Ружо со лисје како меки усни,
Ти цутена на полјанка, те следам,
Те следам скришно, девојченце мое,
И само гледам, и само те гледам.

Ружо, јас сакам оној румен звук
Што во тебе се таи да го слушнам,
Ружо, јас сакам, и ќе дојдам вечер,
Ќе дојдам вечер скришем да те гушнам.

ВИЈ

Во свеста, како во полноќна црква,
Те заклучив. И свеќи ко што бледат
На гасење, ти сега бледиш така,
А сите светци похотно те следат.
Ти тука си заточница за која
Јас толку мошни заклинања правам,
И еве веќе настапува часот
И сешто гласи дека ќе се јавам.
Јас идам како оној грозен Виј,
Со сиви очи, сиот земја жедна,
Да, страшен сум, и дека нежност носам
Во тврди грутки — затоа си бледна.
Се ближам како нежен Виј, но веќе
Таинствена си повлекла ти црта,
И штом ќе стапам до пределот, остро
Се руши понор и со карпи чкрта.
И сиот жеден, песок, јас се ронам
Во таа пропаст, и сè веќе гасам.
Јас, Виј, во свеста те домавив мошно,
Но, жеден, немам сила да те стасам.

КОШМАР

Што тажно да заспиваш сам
По ноќ на желби и трескот.
Јас таа тага ја знам.
И зошто тогаш сиот баран блескот
И сета веселба барана?
И зошто, повеќе од тоа, благост
Во погледот и зборот наш
За час макар дочарана?
Ах, зошто, зошто?
кога се враќаме ти пак си студна.
Разочарана
Се леди од тебе душава блудна.
Јас сум груб,
Јас сум луд
Од тој студ!
Не, нејќам јас да биде така.
Ме дави сува рака.
Јас страдам дека сум сам,
Во кошмар дека се губам —
А сакам да љубам,
Сакам да љубам!

ТИШИНА

Има нешто многу просто
И тоа е тишина,
Има нешто толку тихо —
Вишина, ах вишина.

Легни спрема ова небо,
Тони во височини,
Склопи очи, склопи очи,
Уморен си, почини.

Сека птица, сека птица
Ќе го свие крилото.
Ти си сега толку мирен,
Сам во зеленилото.

Зошто уште, зошто тоа
Секидневно збивање?
Има нешто многу просто —
Тоа е заспивање.

ПРОЛЕТ

Се бистри матното око на небото,
Сончната зеница се присенува.
Есенска седба на моите желби
Под снегот, убога, зазеленува.

ВРВ

Еве на врвот се искачив. Сам.
Тука не ме следи око ничие.
И што? Јас во себе пак го шепотам
Жалосниот сон на своето величие.

ЗДРАВИЦА

Нашите чаши се целиваат,
Во нив црвеното вино се смее.
Другари, дали сте и вие искрени
Како тој усмев што искресто тлее?
Јас имам една желба потајница,
За неа сега си помислувам —
Проклето срцево ако ваше не е!

ОД ВОЗОТ

Ене го крајот во возбуда сина.
Таму детинството мое ми мина.
Плачат оние планини за мене!

Под нив, на падина, се приѕира село,
Зар некој не мавта со шамиче бело?
Плачат оние планини за мене!

Возот одминува сè што ќе срете.
Си било онаму еднаш едно дете.
Плачат оние планини за мене!

Често мислата назад ме враќа.
Животот другаде негде ме праќа.
Плачат оние планини за мене!

СТАРАТА

Цел ден над роданот неми зборови реди.
Навечер со жените на порта седи.
Кротко темницата дише во скачето.

Сите се прибрале. Настанува штама.
Таа ќе поседи уште малце сама.
Кротко темницата дише во скачето.

Мракот пред очи се збра и се движи.
Слуша: како познат чекор да се ближи.
Кротко темницата дише во скачето.

За овој час што до срце ја штрека,
Секоја вечер таа чека, чека.
Кротко темницата дише во скачето.

Најпосле се крева дома да влезе.
,,Добровечер", чкртнува на порта резе.
Кротко темницата дише во скачето.

ПОЧИНКА

Есенва е мирна, просветлена сета.
Човек сака негде далеку да шета.
Убавино, ти ме заморуваш веќе.

Сè ќе минам кое со возбуда мами.
Има такви места каде што сме сами.
Убавино, ти ме заморуваш веќе.

Смирноста е мудра, страсноста е глупа.
Ќе седнам во паркот на некоја клупа.
Убавино, ти ме заморуваш веќе.

И долго ќе седам, со цигара во рака.
Вечерта што иде ќе ја чекам така.
Убавино, ти ме заморуваш веќе.

УТРО

Утрински посетители на паркот,
Треба да сте чудни луѓе вие,
Треба нешто да ви недостасува!
Ах да го уловам извивот на пајажината,
Ах да го фатам трепетот на сонцето
На овој лист,
Ах да го предусетам
Летот на белата пеперуга!
Утрински посетители на паркот,
Нели исто нешто помислуваме?

ДАБ

Се суши веќе овој древен даб
И бршлан нему повијат му треба
Та сочна убост да му даде тој
И сладок скокот по тврдата кора;
А дабот ќе му даде висок раст
И дален поглед во долината
И ќе му дари заедничка смрт.

СТЕБЛО

Паднатите лисја ги викаат
Тие што уште,
Уплашени од неизвесноста на падот,
Трепетат на дрвото:
,,Дојдете долу да си умреме,
Побегнете од ветриштата
Во приземна тишина.
Нека остане гол тој јагленосан скелет
Да крши црни раце во просторот,
Трупот нека му биде корито
За водите на дождот есенски.
А ние густо ќе го обиколиме,
Да не може да го пречекори кругот
На своите жолто-златни спомени."

ЛАСТОВИЦИ

В зори пискаат ластовиците
Птици врз кои ноќта и денот се делат,
Ние сме брзи совалки — пискаат —
Што ткаеме нејасна преѓа на тајната,
Самракот ни е наша стихија
И сè што е минговен допир на граница.
Водата со воздухот како ги порабуваме
Сте нè гледале,
Но нема в небо никаква трага од наша работа.
Така пискаат ластовиците.

ПЧЕЛАР

Кога ќе помислам дека сум можел
Да станам пчелар во мојот живот,
Дека пчеларството е мојата сушност:
Сетувам мирис од матерка,
Дочувам дален приспивен повик
Дури од моето детинство селско,
Како се кротат роени пчели
,,Мат-мат-матице!"
И живо ројот зоврен го гледам
Кога се фаќа на маслинката
Околу сиот позлатен од сонце.
Надежна моја пролетна песно!

ЈАГЛЕН

Само да замижам —
Тој веќе расте од подземноста,
Безоки, црни, грижни старци
Се исправуваат пред мене,
Нивните чела со строги брчки
Ми се внесуваат в лице,
Ако ги стиснам посилно клепките —
Црн, тој на карпи се трупа,
Веќе ме надраснал,
Ме поклопува,
Крцкаво ме зглобува во себе,
И јас сум веќе
В подземен рудник
Црна грутка што си шепоти:
Можам да горам!

ДЕТЕ ЗАСПАНО КРАЈ ЕЗЕРО

Ти спиеш малечко
А езеро се замислило —
Езерото ја подготвува твојата судбина.
Ти спиеш а тоа
Со неусетно потплиснување ти влегува в душа
Како во заливчите со бели камчиња
Во кое секое камче се гледа.
Ти спиеш
Но и најситното негово набирање
Како нишка води до оние гласни таласи
Што еднаш ќе се родат, ќе заплачат и ќе те понесат.
Спиј си детенце
Езерото ја создава твојата душа
И мисли за твоите идни возбуди.
Автор Vertaler
 - марта 23, 2005, 18:41
МОНОЛОЗИ

(три одломки од поемата ,,Ракување")

*

Родината —
Низ тој шум прашање вечно:
Како во животот?
Како со луѓето?
Со љубовта и омразата?
Со себе како?
Лесен одговорот во збор красно срочен,
Со важност за сегде.
Тежок кога безброј пати
Човек треба да го дава.
Родината?
Видиш каква мисла:
Врсница таа е наша!
Ние ја растеме во себе,
Смртни
А за вечност жедни,
Неа
Што треба вечна да биде!
Погледот в срце —
Блесок в ноќен мир,
И зборот нејзин:
,,Пред чинот сме веќе,
Доста несталните возбуди на песните!
Не закопујте ме
Во жабјакот на млаките души,
Не оставајте
Пајажина да ме обвие
Во срца колебливи.
Сонце сум — својот изгрев го сакам,
Слобода барам —
Изборете ја!
Ах, како ветар дахот да ми мине
Над мајските 'ржје,
И тоа таласање —
На тревите да им се предаде,
На лисјата да им се предаде,
На рамнините,
На 'рберите од планините,
И подалеку —
На езерата да им се предаде,
Да биде докрај една слатка морница
По снагата од сета наша земја!"
Родината:
Не спокој е таа,
Ниту езеро мирно,
Судбата на животот наш е тврда:
Верност бара
Напред кога не праќа,
На паднатите по нашите распаќа,
На самите нас,
Да најде веќе смисла — жртвата.
Како ќе постапам?

*

Кажи, дали мислите ни се толку блиску,
И едно претчувствување ли е тоа,
И една жед?
За жива струја и јас копнеам,
Но да е таква — утока што нема,
Што нема крај:
Дека не по песок тече,
Бели камчиња ронејќи,
И не низ трева со смеа се извива,
Игралита и ѕунлива
Иако млако спокојство ја чека.
Не!
Таа тече од срце до срце,
Колку што срца народот го чинат,
Ах, смисли ја
Широчината на тоа корито!
Таа во безброј вдодпади се прелива,
Блискотни,
Од срцата на старите
Во срцата на децата,
Во обновата на колената.
Ах, смисли ја
Бескрајноста на тоа течење!
Сладок шепот, сладок плискот,
Преливи на сонцето и месечината,
Ноќни приказни,
И бучење, што страши, во далечината,
Во вриеж на пени,
И сето тоа во човечки гради!
Таа струја ја жедувам —
Поезијата.

*

О, треба да сме триж силни по дух
Деца на мало, потиснато племе,
Во бурава на светот,
На татковина — што први смисла,
Први слободен облик ѝ даваме,
На поезија творци
Први од срцава што я извираме.
А кај е во нас, дали ја има
На оној древен јунак силата?
Долгот го знаеш,
Но ситен да се сетиш — страшно!
Дали се чудни тие сомневања?
Кој ќе ни прости?
Кој ќе заживее со нашава душа
И тогаш кога веќе ќе нè нема?

СКОПЈЕ

Ти што ќе стоиш на Газибаба,
потомче — чуј!
Одовде и јас сум Скопје го гледал,
А денот беше пролетен, од тие
Кога во меко единство се плетат
Свежите линии на крововите
И сека топола е — зелен водоскок.

Со поглед малце премрежен сум бил
(Одошто — молчам)
Но видовит и јасен.
И знај:
Јас сетив дека овој повик мој
Е најсмел заграб во иднината,
Со твојот дух е преграб, јас би рекол,
И како остра секавица сече
Век по век тој,
И вика, клика, рика:
Мисли на мене!
Автор Vertaler
 - марта 21, 2005, 08:47
В этой теме я буду складывать перепечатываемые куски из книги со стихами Блаже Конеского, вышедшей в Скопье в 1965 году.

<ПОЕЗИJА (ИЗБОР)>

ВЕЗИЛКА

1.

Везилке, кажи како да се роди
Проста и строга македонска песна
Од ова срце што со себе води
Разговор ноќен во тревога бесна?

— Два конца парај од срцето, драги,
Едниот црн е, а другиот црвен,
Едниот буди морничави таги,
Другиот копнеж и светол и стрвен.

Па со нив вези еднолична низа,
Песна од копнеж и песна од мака,
Ко јас што везам на ленена риза
Ракав за бела невестинска рака.

Судбинско нешто се плело за века
Од двете нишки, два созвучни збора,
Едната буди темница што трека,
Другата буди вкрвавена зора.

2.

Везилке, крени наведена лика,
Погледај в небо во претпладне златно:
Се шари таму и чудесно блика
Твојата везба на синото платно.

За тебе нема ни вечерен запад,
Ти — морно око на трепетна срна.
Две бои таму ти горат и капат,
Две шарки твои — црвена и црна.

Зар не се плашиш од јаркоста нивна,
И најмил спомен дека ќе ти згасат?
Зошто се губиш, ти строга, ти дивна,
Дните ти минат, прокоби се гласат.

— И најмил спомен што в душа ми блесна
Се гаси од нив ко цвеќе без боја.
Но ти што ловиш звук на чудна песна,
Ти си ја кажа судбината своја.

<ЗЕМЈАТА И ЉУБОВТА — 1948>

ТЕШКОТО

О тешкото! Сурли штом диво ќе писнат,
Штом тапан ќе грмне со подземен екот —
Во градиве зошто навирува река
И зошто ми иде да плачам ко дете,
Да превијам раце, да прекријам лик —
Та гризам јас усни, стегам срце клето,
Да не пушти вик.

О тешкото! Старци излегуват еве,
На чело им мисла, во очи им влага
И првиот чекор по меката трева
Е мирен и бавен, со здржана тага.
Но 'рзнува тапан и писок се крева
И молнија светнува во секој глед,
И напред се пушта, се стрелка, се слева
Стегнатиот ред.

До старците момци се фаќаат скокум,
Не издржа срце — сив сокол во клетка,
Не издржа пламен жив потулен в око,
Не издржа младост што сака да летне!
Се залула оро! Се заврте земја,
И чигиш — се корне стресениот век,
И околу трпнат ридиштата темни
И враќаат ек.

И божем се врасло кипнатово оро
Со исконска сила за земјава наша
И во него шуми на реките зборот,
И во него рика див ветер и страшен
И во него шепнат узреани житја
И вечерен мирис се разлева тих,
И земјата дише во пролетна ситост
Со запален здив.

И душата, чиниш, на родот мој мачен
Во тешково оро се уткала сета —
Век по век што трупал сè попуст и мрачен
Од крвава болка, од робија клета,
Век по век што нижел од корава мисла
За радосна челад, за слободен свет,
Од песна — за љубов што гине со пискот
Ко жерав во лет.

О тешкото! Кога во молк да те гледам,
На очиве магла ми напаѓа сура,
И одеднаш — в бескрај се растега редот
И ридја се губат в пустелија штура —
И еве кај иде од маглата матна
Сè сенка до сенка, сè еден до друг —
Во бескрајно оро син оди по татка,
По деда си — внук.

Времињата мрачни сен нивното поле,
И нивната свирка — на прангите ѕвекот,
А главите им се наведени доле,
И покроце врват — сè чекор по чекор.
О времиња, што ве в мрак родот мој минал,
Кој збор ќе ми најде за ваша стрв?!
Кој збор ќе ми најде за ужасот зинат
Над пустош и крв?!

Кој број ќе ми каже на лутите рани,
На пламнати ноќи, на пеплишта пусти,
Кој на срце болки ќе изреди збрани,
И на очи солзи, и клетви на усти?
О тешкото! Синџир ти беше на робја,
Од калеши моми и невести ред,
Со врзани раце во плен што ги погнал
Насилникот клет.

О тешкото! Синџир ти беше на робја,
Дур не стана народ во листена гора,
Сè дури со јадот од векови собран
Не поведе бујно, бунтовничко оро!
Се залула танец низ крвје и огон,
И повик се зачу и грмеж во чад —
Те разнесе сегде бунтовната нога
По родниот кат.

О тешкото! Сега по нашите села
Во слобода првпат штом оро ќе сретам,
Зар чудно е — солза да потече врела,
Зар чудно е — жалба јас в срце да сетам?!
Од вековно ропство, мој народе, идеш
Но носиш ти в срце дар златен и пој.
Пченицата твоја триж плодна ќе биде,
И животот твој!

МОСТОТ (фрагмент)

Мајстори, чујте за син ми сказна,
И вие чујте, синковци млади!
За него тажи дашава празна,
За него болка ми кине гради...
Го думам како остава сирак,
Во лулка уште, млад сокол сам.
Како сум тиштел, како сум збирал
За да го гледам, јас еден знам.
На мојве раце детето расна,
Му бев јас татко грижен и строг —
А како мајка се молев гласно
Да ми го спасе од болест бог.
Го думам арно во спомен дален
Првото запче, и збор, и од.
Но како еден до друг сме спале —
Остана болка во споменот...

Спиеше тио јунакот мој,
Насмеал мило усте во сонот,
Но пуста беше темната ноќ
За татко му од мака гонет.
Јас лежев скинат без капка моќ
И жежок сврдел длабеше в ум,
Се вртев тешко на кревет тврд,
И слушав в уши од ужас шум,
И сам ја сакав својата смрт.
Зашто ме дари со мака светот,
Да бидам страден за корка леб,
Да биде гладно моето дете,
И кровот урнат и огнот слеп.
И мојот Божик да биде тажен,
Да дреме беда на мојот кат,
И јас да нема со поглед влажен
Да сетам радост никој пат.
Аргатска живот ко лута змија,
Да дроби снага, лика да пија.

И често така, чудно ми беше
За сонот сладок на синот мој,
Со тиок усмев како се смешка
В детински сништа заигран тој.
Ме топли драго снагата мала,
Ме гали здивот, со жар ме пече,
И ми е чудно, и ми е жално,
И јадри солзи без запир течат.

Израсна син ми, бор вишен стана,
Му светна в очи на машкост пламен,
Се стемна чело во младост рана,
И тврда мисла се спушти таму.
Низ борба нему му мина патот,
Го мачи в затвор душман без грев.
Се силен залуд јас да го сфатам,
Тој беше сокол, јас робјаш бев!

А кога кај нас повик се крена
Де стане народ во крвав бој,
Во шумна гора со прва смена
Се крена тогај и синот мој!
Три лути зими, три лисни лета
Со пушка в раце тој мина в страд,
И вивна светот тој кај што шета
Со одбор чета низ смрт и глад.
Низ дим и пламен сив сокол лета
Без леки крилје да жижне смад,
Ни куршум свирнат од злоба клета
Го стигна него во полет млад.
А кога мина годинеа трета
И веќе душман бегаше в јад,
Кај мостов овде, на смртта ветен,
Тој паднга мртов крај роден град.
Тој падна мртов од рака гнасна,
Тој тука проли црвена крв,
И заден поглед му тука згасна
Ко ѕвезда јасна зад темен врв.

Јас саноќ чекав да чујам чекор,
Да тропне син ми на мојот трем,
Но ноќта беше глува и мека,
И екот замрен и патот нем.
Го најдов дента кај мостов сразен,
Со други сокли во дружна смрт.
Му беше чудно косата мазна,
Ја галев долго со дланов тврд.
И после закоп низ градот мина,
Одеше народ, пееше хор:
Нека се слави што јунак згина
За својот народ, извишен бор...
И тогаш нешто ме фати, крена,
Се напна силно мојата град,
И божем светов друг свет го смена, —
И капна солза на први пат.
Не болка, чудо ми откри таја,
За ошто копнел јунакот мој,
Тоа што секи борец го знае
Кога во смртта тргнува тој,
Тоа што секи човек го таи
Длабоко в срце — најубав дар,
Но место пожар да вивне сјаен,
Што тлее често — запретан жар.
Слобода — толку што сум се мачел,
Што значи разбрав тој чуден збор.
А беше закоп. Над гробот мрачен
Стоеше народ, пееше хор.
И тогај реков: мој сине, збогум,
Да ти е лека земјата ладна!
За вечен спомен ќе го кренам
Мостот во младост ти кај што падна!

Мајстори, вие имате чеда,
Почујте татков зарек и клетва,
Младичи, син ми во вас го гледам,
Негова тврдост в очи ви светка:
Да прегне секи. Треба да се гради
Мостот! — Челик тврд нека пишти!
Крв в темен легна. А таква зграда
Ни век ја руши, ни бура ја ништи!

<ПЕСНИ — 1953>

МОЛИТВА

Да појдеш ноќе в шума
Од сите утајум тајно,
На тиха полноќ да втасаш
До едно место знајно.

Ставити трепетни борје
До небо таму се вишат,
Тревите околу бујно
Опоен омав дишат.

Нема да истрпи веќе
Срце што лудува силно,
Со викум ти ќе се фрлиш
На земи дивно и вилно.

Земјо, радост ѝ треба
На една младешка снага.
Лекуј ме, лекуј ме, земјо,
Од немир темен и тага!

ВРАЌАЊЕ

Се поврати човек во родниот град,
По многу време и мака.
Што оставил еднаш тој не најде пак,
Тој не најде ништо да мрази и сака.

И прошета дента по сокаци сам
Со надеж за веселба бујна.
И прошета дента, а штом падна мрак,
Тој застана мрачен крај реката струјна.

А пееше долу брзотечен бран
За нешто што неврат го гони,
И човекот сети во душата жал,
Му дојде да вика и солзи да рони.

СПОМЕН ЗА СЛАВЕЈ

Тој час мој заден спомен да бим бидел —
Јас тебе, вишен Славеј, би те видел
И оној килим по рудини твои
Со златест прелив како со трепет сум пазел
По таа убост леко да би газел.
На цветна лака се намерив скоро,
Не цвеќе било — девојчинско оро,
Не цвеќе било — малесорски вити,
Со нивна лика гора лика кити.
Тој час мој заден поглед да би бидел,
Во сиња магла Струга би ја видел;
Од врвот вишен, пред нерврат да фатам,
О езеро, јас поздрав ќе ти пратам.

УСПИВАЊЕ НА БОЛНО ДЕТЕ

Заспи ми, мило, смири се веќе,
Болно си, мое сине.
На сон ќе видиш јагне и цвеќе,
Болката на сон ќе мине.

,,Мајчице, саноќ над мене биди,
Чувај ме, страшно ми е:
На пајажинана онаму види
Жолт пајак крв што пие!"

Не, сине, тоа месецот грее
И ѕвезди в небесни страни.
Не бој се, мајка саноќ ќе бдее,
Нани ми, нанкај, нани.

ЈАГОТКИ

Ние сме црвени усни на земјата,
Румени нејзини целиви!
Фрли се диво на неа,
Бацуј ја, бацуј, бацувај,
Дури не сетиш при засенет поглед
Дека е целата до тебе стегната
И сладосно издишува.

ПЕСНИ ЗА ФАУСТА

>ПРОШЕТКА<

Да, ова не е само мисла
А роса, пчели, небо — спас!
Но, Фаусте, ти доста шета,
Ај назад веќе. Имаш час.

>ИСКУШАВАЊЕ<

— Сакаш ли небо од црни очи,
Кажи, јас можам сè да сторам.
— Пушти ме, враже, јас треба сега
За јат, јери и јер да зборам.

>ЧЕКАЊЕ<

Пак пролет. Вечер. Улица пуста.
Ти чекаш веќе десет лета.
Но нема, нема, нема, нема?
Нема да мине Маргарета.